четврток, 11 декември 2025

Битолскиот Народен театар на гостување на театарски фестивал во Полска

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Полска, каде вечерва во градот Бјалисток ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек, во режија на Благој Мицевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во претставата настапуваат актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

„Текстот на Мрожек „На отворено море“ датира од 1961 година, но претставата ‘зборува’ и денес, и отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес, и токму затоа гостува на престижниот фестивал на театарот во Полска“, информираа од Битолскиот театар.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, видео Владимир Переловски, дизајн на рекламен материјал Сашо Илковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ