понеделник, 8 декември 2025

Битолски театар ќе игра претстава на отворено на Големо Езеро на Пелистер

На 2.218 мнв на утре љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – та изведба на претставата „Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена. Јавната установа Национален парк Пелистер, во соработка со Народниот театар – Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола, организира уникатен културен настан на несекојдневна локација – театарска претстава на отворено.

Објавено на

часот

Сподели

Под светлината на полната месечина, публиката ќе има можност да ја проследи драмската претстава во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во претставата заедно со актерот Александар Копања. Музиката за претставата ќе биде во живо во изведба на членови од Битолски камерен оркестар. Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.
Поради специфичните природни услови и безбедносните протоколи (вклучително и важечката забрана за движење во шума), присуството е дозволено само со претходна најава, независно од начинот на пристап.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ