четврток, 5 март 2026

Белгискиот филм „Млади мајки“ на браќата Дарден, од денеска во македонските кина

Од денеска во домашните кина ќе се прикажува филмот  „Млади мајки“  (Jeunes mères, 2025) на белгиските браќа Дарден.

Објавено на

часот

Сподели

„Сместен во дом за млади мајки во Белгија, филмот следи пет тинејџерки кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се прикажани со сурова искреност, но и со длабока емпатија – во препознатливиот стил на дaрденовски реализам, без патетика и без наметнати емоции“, информираат од МЦФ МКД.

Филмот беше дел од главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Кан, каде што ја освои наградата за најдобро сценарио, уште еднаш потврдувајќи ја авторската зрелост и социјалната чувствителност на браќата Дарден.

„Млади мајки“ е интимна и моќна приказна за младоста, одговорноста и надежта – филм што тивко, но силно потсетува дека зад секоја животна борба стои човечко достоинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ