За таа цел Сити стар продукција распишува отворена аудиција за главната женска улога во новиот игран филм „Голиот рид“. Аудицијата е отворена за актерки и студентки по актерска игра на возраст од 20–35 години. Сите заинтересирани кандидатки можат да испратат пријава на е- пошта: [email protected]
Неопходни податоци при пријавување се: име, презиме и возраст; неколку професионални или аматерски фотографии; кратка биографија, како и телефон за контакт. Краен рок за пријавување е 26 ноември, а аудициите започнуваат на 27 ноември, во просториите на Вардар филм.
„Овој филм значи ново поглавје за продукцијата и ги отвора вратите за млади талентирани актери да се вклучат во проект кој има силна уметничка и фестивалска димензија“, порачуваат од продукцијата.






