сабота, 13 декември 2025

Арт генератор – фестивал на џез, светска и современа музика

Здружението за култура, уметност и млади Арт генератор од 25 до 28 септември по четврти пат го организира Фестивалот на џез, World и современа музика.Фестивалот е поддржан од Општина Велес, поддржани и од Министерството за култура и туризам, а ќе се одржи во Театар Ј.Х.К. Џинот – Велес, на паркингот на театарот и на Спомен костурницата во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Учесници ќе бидат музичари од САД, Грција и од Македонија.

На 25 септември во театарот ќе се одржи работилница по цијанотипија во заедничка организација со Центарот за креативни индустрии-НЕБО изведена од Јасмина Котевска и Иван Алушевски и ликовна изложба „Преиспитувања” на реномираните уметници Никола Пијанманов и Тони Попов во кураторство на Јасмина Котевска со почеток.

На 26 септември на големата сцена во Театарот Ј.Х.К Џинот-Велес ќе настапат Transverse (USA/MKD), McCollough/Spasovski/Tufekchievski/Filipovsk и Parussion Group (MKD).
Истата вечер после концертите, на паркингот на велешкиот театар ќе се одржи DJ/VJ сет со Edit points
На 27 септември на Спомен Костурница Велес, ќе се оддржи перформанс насловен „Во тек” со Doneff Doneff и Toma Dimovski (GR/MKD).
Истиот ден на големата сцена во театарот во Велес ќе настапи Влатко Стефановски Трио. После концертот на паркингот на велешкиот театар  концерт ќе пдржи групата Паркети (MKD).

На 28 септември ќе настапи Dine Doneff со проектот насловен „Storytales” (GR). Истата вечер после концертот на Dine Doneff, на паркингот на велешкиот театар ќе се одржи завршна забава со Арт Генератор.

Сите фестивалски вечери во театарот и на паркингот од театарот ќе бидат поддржани со видео мапинг на Борче Конзулов.
За графичкиот дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи Филип Коруновски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ