На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап.
„Големо е задоволството што Ана Руцнер, уметница со повеќе од 1.000 настапи во над 30 држави ширум светот беше наша гостинка. Ана Руцнер е добитничка на над 30 домашни и меѓународни признанија, позната по својот иновативен и уникатен пристап во изведбата на класичната музика, која ја збогатува со модерни и етно елементи. Публиката во Битола имаше ретка можност да ја доживее магијата на Ана Руцнер во живо, со нејзиниот впечатлив сценски настап и секако да ја поздрави како амбасадорка на хрватската култура и туризам“, истакнаа од Камерниот оркестар по завршување на концертот.
Освен Руцнер, на концертот настапија и Зана Абази Рамадани од Косово и македонските уметници Виолета Арсовска и Јаворка Витанова.






