„Имаме проблем со Бугарија. Но и таа има проблем со нас. Во нивните библиотеки нема книги на македонски јазик. А дали има бугарски книги во нашите библиотеки? Нема. Нема кај нив, нема и кај нас. Ајде, драги политичари, не барајте нешто што не можете да го најдете. Зарем ќе дозволите да ви истече времето?
Академик Божин Павловски: Немаме проблем со меѓународното признавање, имаме проблем со Бугарија
Како нација Македонците не можат да се пофалат со вековни резултати во меѓународната културна соработка, но во овие 81 година тие ги совладаа повеќето идентитетски хендикепи. Еден солиден библиограф лесно ќе открие македонски дела од уметноста, науката и народното творештво преведени на стотина јазици. Близу 40 години во Австралија на слободен пазар се изнесуваат два неделни весника кои можат да се читаат и во Конгресната библиотека во Вашингтон. Што значи ова? Дека немаме проблем со меѓународното признавање, вели во изјавата за МКД.мк академик Божин Павловски.

Објавено на
часот





