Во актерската екипа настапуваат Јамур Танрисевсинлер, Сузан Кардеш, Филиз Ахмет и Игор Рангелов, чија интернационална комбинација дополнително ја збогатува серијата и го потврдува духот на копродукцијата.
„На покана на продукцијата, на сетот во Истанбул присуствуваше советникот на директорот на Агенцијата за филм, Стефан Ѓиноски, чија посета претставуваше значајна промоција на потенцијалите и условите кои Северна Македонија ги нуди за снимање странски продукции. Со ова присуство, уште еднаш се потврдува заложбата на Агенцијата за филм да ја позиционира земјата како атрактивна и конкурентна филмска дестинација во регионот, отворена за интернационални копродукции и партнерства“, се наведува во соопштението од Агенција за филм.

Агенцијата за филм, информира дека ќе продолжи активно ја гради и промовира Република Северна Македонија како атрактивна и стратешка дестинација за меѓународни филмски продукции, отворајќи нови можности за креативна и економска соработка.






