Соработници на албумот што ќе ја делат сцената со Китановски се легендарниот африкански перкусионист, гитарист и вокалист Баба Сисоко (Baba Sissoko), и нашиот елитен хип-хопер Гоце Трпков (DJ Goce).
Вчера официјално излезе нивниот прв албум на винил и во дигитална форма за британската куќа Вилиџ лајв рекордс (Village Live Records), а синоќа триото настапи во клубот Соул СКГ (Soul SKG) во Солун.
Ограничен број билети за ова несекојдневно доживување во претпродажба се достапни на Другастрана.мк и на влезот пред самиот концерт.
Вилиџ лајв рекордс во најавата на изданието Афро Гитано порачува: задолжително понесете чевли за танцување!






