недела, 14 декември 2025

А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола

Црвен тепих, WiFi free zones и средби со филмските визионери. Технологијата и уметноста заедно на „Браќа Манаки“.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, објави дека ќе воспостави WiFi free zones на неколку локации низ Битола, и ќе понуди дигитални искуства за публиката, со цел фестивалот да биде уште подостапен и поврзан.

Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа година носи силна порака и за спојот меѓу уметноста и технологијата вредности што и самата А1 ги негува и поттикнува.

Во деновите што водат кон фестивалската недела (20–26 септември), тимот на А1 е присутен на лице место, придонесувајќи за организацијата и искуството на посетителите. „Секоја година  како публика со нетрпение го очекуваме фестивалот ‘Браќа Манаки’, но оваа година како генерален спонзор, не само поради неговото културно значење, туку и поради можноста да бидеме дел од нешто што навистина инспирира. Фестивалот е платформа каде што уметноста и технологијата се среќаваат токму онаму каде што и А1 се позиционира. Преку нашата поддршка, сакаме да дадеме свој придонес кон развојот на креативните индустрии, но и да ја приближиме дигиталната трансформација до пошироката заедница“, изјави Бранкица Толевска, раководител на Оддел за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Со присуството на фестивалот, А1 уште еднаш го нагласува своето залагање за поддршка на културниот и општествениот развој, и поттикнување на дијалогот меѓу уметноста и технологијата кои токму преку вакви платформи, стануваат едно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ