понеделник, 8 декември 2025

А1 Македонија – генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

А1 Македонија годинава е генерален спонзор на реномираниот филмски фестивал, „Браќа Манаки“, кој по 46-ти пат ги отвора вратите на светската кинематографија за македонската и меѓународната публика.

 

Објавено на

часот

Сподели

Под мотото „Сон на платно“, годинашното издание на фестивалот ја слави магијата на филмската камера, визуелниот јазик и богатството на креативниот израз.

„Како лидер во дигиталната трансформација и компанија која ја гради иднината преку технологија и иновации, А1 Македонија со ова спонзорство продолжува да биде двигател на културниот и општествениот развој во земјата. Филмот и технологијата отсекогаш оделе рака под рака, едното не постои без другото. Затоа за нас, како А1 Македонија, ова партнерство со фестивалот ‘Браќа Манаки’ не е само поддршка тука е природна синергија. Под мотото ‘Сон на платно’, ја славиме креативноста, боите на животот и силата на визијата која ја носат и уметниците и иноваторите. Веќе 6 години А1 успешно ја гради својата приказна на македонската телекомуникациска сцена, но растот и развојот на една компанија не е возможен доколку се одвива изолирано од другите општествени текови. Тоа за нас е интерактивен процес кој е нераскинлив со процесот на развој на пошироката заедница. Токму затоа за нас е исто така, важно што сме дел од овој голем културен настан “, изјави Бранкица Толевска , раководител на Оддел за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпoративни комуникации од А1 Македонија.

Фестивалот ќе се одржи од 20 до 26 септември во Битола, градот кој веќе речиси половина век пулсира со ритамот на филмската уметност. А1 Македонија ќе биде дел од сите клучни моменти, како што се црвениот тепих, филмски проекции во „Кино на отворено”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ