среда, 25 февруари 2026

„70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека на Македонија

На 27 февруари во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

Објавено на

часот

Сподели

Промотори на изданието се д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието. Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба  на избор од македонските филмски  плакати.

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ