Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена 27-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Список на пристигнати книги на конкурсот за „Роман на годината“ за 2025 година
- „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
- „Лозинка за излез од пеколот“, Јадранка Бибан, самостојно издание
- „Грст афионови зрнца“, Горан Василевски
- „Ноќ без враќање“, Васе Врангалоска, „Ирис Принт“, Струга
- „Во зенитот на еден дневник“, Викторија Гаго, НУ „Григор Прличев“ – Охрид
- „С(удба)та“, Филип Георгиевски, „Бата пресс милениум“
- „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“
- „Волкот“, Константин Дораковски, „Макавеј“
- „Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“
- „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
- „Баба Илка“, Жан Илиески, „Макавеј“
- „Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“
- „СФ – СН: (партизански роман)“, Моџо Килингтон, „Арс Ламина“
- „Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
- „Илина и тајните на бабин заб“, Хана Корнети, „Или -или
- „И“, Кристина Краличин, „Арс Либрис“
- „Извештајот на Рената“, Кристина Краличин, ИД – Концепт консалтинг и дизајн
- „73“ дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“
- „Годината висококосна“, Маја Мојсова, „ПНВ публикации“
- „Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“
- „Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“
- „Не заборавај, Ангела“, Љилјана Нелковска, самостојно издание
- „Чуварите на вистината“, Елена Николова, „Збор“
- „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“
- „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“
- „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
- „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
- „Калуѓерки“, Димче Парталоски,„Бата пресс милениум“
- „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“
- „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“
- „Опасноста што ја љубам“, Маја Симоновска, „Читај книга“
- „Сенката што ме чува“, Маја Симоновска, „Читај книга“
- „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
- „Нашата Симка“, Благуна Стевоска, НУ Библиотека „Григор Прличев“
- „Тишина што сака да викне: роман од сеќавања“, Милован Стефановски, „Ад Вербум“
- „Траги врз песок: корисен водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери“, Бојан Стефановски, „Матица македонска“
- „ Неколку тишини подоцна“, Ана Стојаноска, „Конгресен сервисен центар – Полица“
- „Ноќта – филм кој се чита“, Игор Трајковски Фоја, Битола: „3Д Графопром“, самостојно издание
- „Три Марии: (роман -басма)“, Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
- „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
- „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
- „Изедначен“, Јован Ристов Џамбазоски, „Матица македонска“
- „Светото светило: (роман)“, Мирче Б. Нешовски, „Менора“
- „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
- „Сѐ на овој свет“, Гордана Каракашевска, „Бата пресс милениум“






