Еве што по тој повод вели Таневски:
„Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт. Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ‘More’ од трилогијата ‘Среќен сум дури и без себе’, а тоа е – очекувај го неочекуваното“.
Автор на песната Девојка од Бронза е Горан Таневски (музика, текст, аранжман и вокал). На концертот заедно со него ќе свират и Перо Стефановски (Sanatorium) – гитара, пратечки вокал, Александар Стефановски (Conspiracy) – гитара, бас, едитинг на тапани, микс и мастеринг, Зоран Казаков – труба (снимени во студиото FIS Production). Видео: Елеонора Теова, монтажа.
Во видеото се користени материјали на Опиум продукција, режисерот Васил Христов и од архивот на Радио и Телевизија Скопје при МРТ.






