сабота, 19 октомври 2024
Дефанзивецот е среќен со одлуката

Кулибали по преселбата во Саудиска Арабија: Ќе имам пари за родителите, братучедите… градам болница во село

Објавено на

часот

Сподели

Калиду Кулибали по само една сезона во Челси се реши за нова авантура и го одбра богатството кое Саудиска Арабија им го понуди на многу фудбалери ова лето.

Дефанзивецот се сли во Ал Хилал, каде ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона.

„Среќен сум со одлуката поради неколку причини“ – вели Калиду Кулибали.

„Јас сум муслиман и пристигнувам во вистинската земја. Ќе играм во првенство кое брзо напредува и се надевам дека ќе помогнам Ал Хилал да испише историја во спортот“.

„Исто така договорот е многу важен. Можам да му помогнам на семејството, да ги обезбедам моите родители и братучеди. Исто така ќе можам со полна пареа да ги извршам планираните активности на мојата невладина организација во Сенегал. Започнавме со изградба на педијатриска болница во селото каде се родени моите родители“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ