сабота, 27 јули 2024

Кулеба: Можно е „Патриот“ да се стационира во Полска и така да се заштити западот на Украина

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба смета дека е реално сценариото според кое во Полска ќе се постави противвоздушниот систем „Патроит“ за да се заштитат западните делови на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кулеба беше прашан дали е можно сценариото да се користат американски системи за противвоздушна одбрана во Полска за да се покрие небото над западна Украина.

„Тоа е реално. Всушност, тоа би ги заштитило земјите на НАТО од напади со беспилотни летала или ракети на нивна територија“, рече Кулеба, а пренесува агенцијата РБЦ-Украина.

Кулеба рече дека во моментов се разгледуваат различни решенија со партнерите, кои би можеле да споделат противвоздушни системи со Украина.

„Кога седиме зад затворени врати, им велам на сите партнери: драги пријатели, што сакате да изнајмите, да го изнајмиме, ако сакате да ги покрие вашите границите, ќе ги покрие вашите граници, но дајте ни го и на нас“, рече Кулеба.

Во саботата Германија објави дека ќе испрати дополнителни системи Патриот во Украина, а во тек се преговори за испраќање дополнителен систем Ирис-T.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека на Украина ѝ се потребни 25 системи „Патриот“ за целосно да го заштити украинското небо од руски дронови и ракети.

Неодамна Кулеба рече дека Украина веќе пронашла 100 бесплатни системи Патриот во светот, но прво сака да добие 7 од нив.

Приоритет на Украина не се само Патриот, туку и системите Самп-Т, кои исто така се способни да соборуваат балистички ракети. Украина од денеска преговара за добивање на две батерии Патриот и една батерија Самп-Т, пишува РБЦ-Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ