сабота, 27 јули 2024

Кулеба: Ако сака да го врати мирот, Европа мора да го зголеми производството на оружје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Европа, „ако сака да го врати мирот“, мора да го зголеми производството на оружје и да го забрани извозот на артилериска муниција на други континенти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во авторски текст за француски Ле Монд напиша дека украинската војска поради недостиг на артилериски гранати не е во состојба да ја уништи руската артилерија и да ги заштити своите војници.

Кулеба им се заблагодари на украинските сојузници за одлуката донесена на конференцијата во Париз на 26 февруари за зголемување на набавката на муницијата, која ќе биде испратена во Киев, од трети земји, но нагласи дека „тоа не е доволно“ и дека се потребни „одлучни и систематски одлуки“.

„Постојат некои едноставни и очигледни решенија што нашите партнери можат да ги преземат за да им помогнат на нашите борци. На Украина ѝ треба повеќе артилериска муниција и ракети со долг дострел за да ги одбие руските напади и да ја ослободи својата територија. Потребен ѝ е противвоздушниот одбранбен систем Патриот и други системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити своите градови“, изјави шефот на украинската дипломатија.

Тој им порача на партнерите на Киев дека не смеат да дозволат да бидат водени од страв, велејќи дека „стравот не ги решава проблемите, туку ги влошува“.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за потенцијалното испраќање европски трупи во Украина, Кулеба изјави дека, доколку западните војници дојдат во Украина, „ќе се соочат со истиот акутен недостиг на муниција како и Украинците“.

Од друга страна, тој посочи дека бројните изјави за отфрлање на можноста за испраќање војници во Украина претставуваат „удар за европската безбедност“.

„Путин почувствува дека војната внесе страв кај Европејците. За жал, премногу луѓе во политиката и општеството не разбираат дека периодот на мир во Европа заврши“, рече Кулеба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ