петок, 1 март 2024

Кукаст крст врз бистата на Ванчо Прке во Штип

Објавено на

часот

Сподели

Спомен-бистата на Ванчо Прке е осквернавена со црн маркер, а покрај кукастиот крст ишарани се и други делови од главата на споменичното здание.

Од Општина Штип велат дека го регистрирале конкретниот случај на вандализам во делот Алејата на народните херои.

„Проблемот е лоциран и истиот е веќе дел од анализата според која ќе се изврши интервенција врз оштетените спомен обележја. За ваша информација, најголеми оштетувања имаше на Споменикот на револуцијата, кој е во категорија на меморијални и годинава според проект на Завод и Музеј веќе се работи на чистење (пескарење)“, објаснуваат од Општина Штип.

с

Штипските општински власти додаваат дека досегашната пракса покажува голем степен на оштетеност и присутен вандализам врз спомен обележјата.

„Стотици пати Општината реагира, будно следејќи ги состојбите, но во најголем дел при обидот на санација се судрува со прашањето на авторски права на одредено спомен обележје. Така, во дадениов случај на оштетување, Општината не може да реагира и интервенира без согласност на авторот. Во основа се зависи од степенот на оштетувањето. Со други зборови, има постапка која мора да се почитува и не се интервенира инцидентно“, информираат од Општина Штип.

Инаку, согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележја, спомен обележјата се во надлежност на општините. Општина Штип во рамките на своите надлежности има донесено Програма за одбележување на значајни настани и личности за периодот 2023-2027 година, во чии рамки е опфатена грижата и одржувањето на спомен обележјата. Во овој документ, општината ја презела обврската на годишно ниво да прави увид на сите спомен обележја според Регистерот, со утврдување на моменталната состојба и степенот на евентуалната оштетеност на спомен обележјето. Спомениците се фотографирани и имаат детален опис вграден во единствен документ, во кој е наведен и предлог за приоритет во санацијата што се носи со конкретна одлука на советот за реагирање по одлуката.

Ванчо Прке бил еден од организаторите на Народно-ослободителната борба во Штип за време на Втората светска војна. Бил убиен од припадници на фашистичката власт на 21 мај 1943 година. Тој бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

Покрај неговата биста, во центарот на Штип се наоѓаат и споменици на народните херои Љупчо Арсов, Михаил Апостолски и Славчо Стојменски. Во непосредна близина на овие спомен-бисти, се наоѓа Споменикот на депортираните Евреи што е подигнат во чест на депортираните Евреи од Штип за време на Втората светска војна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ