- 500 г сланина, исечена на мали парчиња
- 1/2 кромид, ситно исечкан
- 1 чешне лук, ситно исечкано
- 80 г пченкарно брашно
- 80 г брашно
- 50 г шеќер
- 1 лажица прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 230 г кисела павлака
- 100 г путер, растопен
- 1 јајце
- 450 г пченка од конзерва, исцедена
- 450 г пченка од конзерва, исцедена и изгмечена
- 200 г кашкавал чедар
- сечкан магдонос
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава на средна температура, пржете ги парчињата сланина додека не станат крцкави. Извадете ги од тавата, но оставете дел од маснотијата од сланината за да го пржите кромидот. Додајте го кромидот и малку сол во тавата и гответе додека не омекнат. Додајте го лукот и гответе уште една минута. Тргнете ја тавата од оган.
Во сад, измешајте ги пченкарното брашно, брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во посебен сад, изматете ги павлаката, путерот и јајцето додека не добиете мазна смеса. Потоа додајте ги пченката, изблендираната пченка, смесата од кромид и половина од сланината. Додадете ги сувите состојки и мешајте додека не се соединат.
Истурете во подмачкан сад за печење. Печете 35 минути. Извадете ја тавата од рерната и одозгора наросете го кашкавалот и преостанатата сланина. Печете уште 5 минути. Посипете сечкан магдонос одозгора.






