Состојки:
1 карфиол
растително масло + путер 50/50
4 чешниња лук, крупно сечкани
1 кромид, крупно сечкан
4-5 сушени домати, крупно сечкани
100 г печени бадеми
магдонос
1 лажица пармезан, сол
20 мл масло од сушените домати
чедар кашкавал
Загрејте ја рерната на 180°Ц.
Во тава за пржење ставете ги растителното масло и путерот и вклучете ја ринглата на средна температура.
Измијте го карфиолот и отстранете ги сите вишок листови. Исечете го карфиолот на „стекови“ како на сликата и пржете ги во тавата додека да поруменат и омекнат.

Префрлете ги стековите на тава за печење обложена со хартија.
Во истата тава ставете ги крупно сечканиот кромид, сечканите сушени домати и лукот и оставете да се пропржат, односно да омекнат. Пренесете ги во блендер, додајте ги бадемите, пармезанот, маслото од доматите, сол и магдоносот и убаво изблендајте.
Премачкајте со четка од смесата врз стековите од карфиол (само од едната страна), одозгора наредете рендан чедар кашкавал и печете 15 минути, додека кашкавалот да порумени.






