недела, 3 ноември 2024
Момчето во болница било донесено починато

Кучето во Пинтија го искасапило 8-годишното дете за врат по што искрвавело до смрт

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера попладне, во 17.22 часот, во нашата клиника беше донесено осумгодишно дете со сериозни повреди во пределот на главата и вратот нанесени од каснување куче. Во моментот на прием детето е без знаци на живот, со проширени зеници и без срцева акција. Веднаш е направена реанимациска постапка, но, за жал, без успех. Големата рана на вратот, каде што минуваат главните крвни садови, довела до тоа детето да искрвави“, вели Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.  Наум Охридски“. 

Според првичните информации, домашното куче било англиски бул мастиф. Трагедијата се случила кога детето влегло во дворот на соседот, а неговото тело е предадено на обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека кучето што го нападнало детето било на сосед, кој живеел во близина.

„Од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, на 11.4.2023, во 18.25 часот, било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој, според пријавеното, им подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н. Г.“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ