сабота, 27 јули 2024
Несекојдневен повик на 112

Куче падна во шахта и изгриза кабли за интернет на Телеком (ВИДЕО)

Куче паднато во шахта изгризало општички кабли на Телеком, па без интернет денес дел од Приватната здравствена установа Филип Втори и целата поликлиника Букурешт. Од Центарот за упрвување со кризи соопштуваат дека мајсторите не можеле безбедно да интервенираат. Не можеле да ги добијат од Лајка, па интервенирале активисти од граѓанската иницијатива Кане корзо.

Објавено на

часот

Сподели

„Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли па без интернет биле дел од ПЗУ Филип Втори и цела Поликлиника Букурешт, а мајсторите не можеле веднаш безбедно да интервенираат Денеска паднато куче во шахта ги изгризало оптичките кабли на Македонски Телеком и без интернет од утрово, од околу 08.00 часот, останале дел од ПЗУ Филип Втори и цела Поликлиника Букурешт во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, специфичната невообичаена ситуација почна да се решава, при којашто вработените од Телеком не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата. Конкретно, вработените од Телеком, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата, каде што било и кучето и околу 15.00 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат со ЈП Лајка од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива Кане корзо со вработените од Телеком за понатамошна заедничка постапка. Потоа, кога завршило успешно и безбедно вадењето на кучето од шахтата, вработените од Телеком се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот“, велат од ЦУК.

Тие заедно со активистите од „Кане корзо“ до дежурните во ЦУК пуштија видео и фотографии од невообичаената ситуација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ