сабота, 21 декември 2024

Кубанската влада испрати официјално барање за приклучување кон БРИКС

Кубанската влада испрати официјално барање за приклучување кон организацијата БРИКС како земја-партнер. Барањето е доставено до рускиот лидер, имајќи предвид дека сега Русија претседава со здружението, изјави генералниот директор на Министерството за надворешни работи на Куба за билатерални прашања, Карлос Переира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во писмото до рускиот претседател Владимир Путин, кој е привремен претседател на групата, Куба официјално побара вклучување во БРИКС како земја-партнер, зацврстувајќи ја својата позиција како клучен играч во глобалната геополитика и надежта на глобалниот југ“, напиша тој на социјалните мрежи.

Рускиот амбасадор во Куба Виктор Коронели претходно изјави дека Москва очекува да види делегација од Куба на самитот на БРИКС во Казањ. Претседателот на таа земја Мигел Дијаз-Канел ја добил поканата од Путин.

Самитот на БРИКС се одржува во рускиот град Казан од 22 до 24 октомври.

БРИКС е организација основана во 2006 година. Освен Руската Федерација, во БРИКС од почетокот на 2024 година се приклучија и Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ