сабота, 27 јули 2024

Куба ја откажа првомајската парада поради недостиг на гориво

Објавено на

часот

Сподели

Секоја година стотици илјади луѓе со автобуси од целиот остров доаѓаат во Хавана на Плоштадот на револуцијата на Меѓународниот ден на трудот, пишува Би-би-си.

Се очекува да се одржат собири во другите градови.

Ова е првпат по револуцијата во 1959 година прославите да бидат откажани од економски причини. Претходно, парадите беа откажани само во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирусот.

Последните недели на бензинските пумпи се создаваа долги редици, а возачите често чекаат со денови за гориво.

Претходно овој месец, претседателот Мигел Дијаз-Канел рече дека Куба добива само две третини од потребното гориво, додавајќи дека добавувачите не ги исполнуваат договорните обврски.

Куба има пристап до сирова нафта со низок степен на квалитет, но на островот кој е под американски санкции му недостасуваат капацитети за рафинирање.

Испораките на поквалитетна сурова нафта од Венецуела, најголемиот кубански снабдувач со гориво, паднаа за 50 отсто во последните години.

Шпански Ел Паис пишува дека на Куба месечната плата е меѓу 150 и 200 долари, додека литар масло за јадење чини 30 долари.

Владата на таа земја инсистира дека нејзиниот социјалистички модел е најдобар за земјата и за проблемите ги обвинува долгогодишните американски санкции, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ