сабота, 27 јули 2024

Куба бара помош од ОН поради недостигот од храна

Властите на Куба за првпат во историјата побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) поради недостигот од храна во таа островска земја што е знак колку е сериозна актуелната кубанска економска криза, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ВФП соопшти дека примиле официјално барање од кубанската влада за помош во обезбедувањето месечни испораки од еден килограм млеко во прав на децата помлади од седум години.

Освен недостигот од млеко, при крај се и залихите на гориво и лекови.

ВФП претходно соопшти дека почнал со испораки на млеко на карипската држава.

Недостигот од млеко од тогаш се влошил, а министерката за внатрешни работи Бетси Диаз предупреди претходно дека испораките за децата на возраст од шест месеци до две години се одложени.

Недостигот од гориво доведе до откажување на годишната првомајска парада минатата година.

Млекото во прав и другите основни животни намирници им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени во ограничени количества, но доцнењата и недостигот од залихи се вообичаени, особено во времиња на економски тешкотии.

Системот е воспоставен во 1962 година од страна на тогашниот кубански лидер Фидел Кастро откако Соединетите Американски Држави ѝ наметнаа санкции на Куба кои сè уште се на сила и кои го зголемуваат недостигот.

Кубанската влада ги обвинува американските санкции за лошата состојба на нејзината економија, но критичарите тврдат дека зад актуелната економска криза која е најлоша во последните триесет години стои лошата политика на владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ