сабота, 27 јули 2024

КСЗД му даде на Град Скопје 60 дена да овозможи бесплатен градски превоз за студентите од приватните универзитети

Објавено на

часот

Сподели

„Според мислењето на КСЗД, утврдено е директна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус, редовни студенти на приватни универзитети, извршена од град Скопје во областа пристап до добра и услуги во образованиот процес. Сметаме дека мислењето на Комисијата ќе вроди со плод и ние ќе можеме да користиме бесплатен превоз како нашите колеги од државните универзитети. Три години сум стипендист, а има исто така и многу други студенти кои се со стипендија, навистина ова за нас е големо олеснување и можам да кажам дека конечно правдата дојде на видело“, изјави Петрушевска.

Според мислењето на Комисијата, Град Скопје има рок од 60 дена да иницира измени и дополнувањата на одлуката за давање на субвенција на ЈСП Скопје со кој ќе се утврди правото на бесплатен превоз и на студентите запишани на приватните универзитети, што значи дека треба да обезбедат средства, бесплатен превоз на сите редовни студенти и од државните и од приватните универзитети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ