сабота, 27 јули 2024
На сите на стадионот им застана здивот

Крвнички старт над Мбапе, напаѓачот на ПСЖ се виткаше од болка на теренот (ВИДЕО)

Килијан Мбапе може да биде среќен што не заработи сериозна повреда на натпрварот помеѓу ПСЖ и Брест во Купот на Франција, Лилијан Браси со крвнички старт го сопре напаѓачот.

Објавено на

часот

Сподели

На многумина во Париз, но и во Мадрид, им застана здивот по стартот на Браси врз Мбапе во Купот на Франција.

Во 69. минута од мечот, напаѓачот итро се ослободи од својот чувар на средината од теренот, но само што тргна напред, беше згазнат во пределот на Ахиловата тетива, па ова како да не беше доволно, прилично лошо го извитка скочниот зглобот.

Напаѓачот се виткаше од болка на теренот, но за среќа избегна сериозна повреда и пауза од месеци ако не и цела година, по интервенцијата на лекарскиот тим го продолжи натпреварот.

Лилијан Браси за криминаниот старт доби жолт, кој беше негов втор, па му беше покажан и црвен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ