недела, 20 октомври 2024

Крунисувањето на Чарлс Трети: собрани илјадници луѓе, безбедносен предизвик (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата на крунисувањето почнува денес во 13 часот по средноевропско време и ќе трае околу два часа под водство на духовниот лидер на Англиканската црква, надбискупот Џастин Велби.

Пред заминувањето на кралската двојка со кочија до Вестминстерската опатија, ќе пристигнат гостите.

Верскиот обред ќе биде одбележен и со музички дела од класичниот репертоар, но и нови композиции, за да се прикаже денешната улога на монархот кој гледа во иднината додека и понатаму е вкоренет во историската традиција и раскошот.

Иако Чарлс Трети (74) сакал поскромна церемонија со околу 2.300 гости меѓу кои странски државници, членови на други монархии и претставници на граѓанското општество, одредени етапи на церемонијата на крунисувањето не можеле да се одминат.

Чарлс ќе положи заклетва и ќе го благослови надбискупот на Кентербери и потоа на главата ќе му биде ставена круната на Свети Едвард. Ќе добие кралска одора, кугла (златен глобус со крст) и кралско жезло.

Кралицата сопруга Камила, втората жена на Чарлс по неговиот развод од принцезата Дајана, исто така ќе биде крунисана.

Кралската двојка во придружба на речиси 4.000 војници ќе тргне со кочии кон Бакингемската палата. Кралското семејство потоа ќе се појави на балконот на палатата за да им мавта на присутните.

Прославата во Британија по повод крунисувањето на кралот ќе трае два дена.

Утре ќе биде организиран таканаречен голем ручек на отворено во Бакингемската палата на кој ќе се дели „кралски киш“ специјално осмислен за таа церемонија.

Во дворецот Виндзор уште навечер ќе има голем концерт пред околу 20.000 луѓе.

Понеделник ќе биде неработен ден. Кралското семејство претходно повика тој ден Британците да вршат волонтерски активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ