сабота, 27 јули 2024

Крстот во Драчево му донесе на градоначалникот на Кисела Вода одликување од поглаварот на МПЦ-ОА

Со одлука на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, „Архиепископ Доситеј“.

Објавено на

часот

Сподели

Ова признание, како што информира Општина Кисела Вода, за градоначалникот Ѓорѓиевски е за неговиот придонес за поставувањето на крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот „Света Петка“ во Црниче.

„Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до г.г. Стефан, кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети и Светиот Синод за оваа чест“, изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода изрази благодарност до неговиот тим, кој „секогаш е до мене и до семејството“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ