сабота, 27 јули 2024
Германецот се збогува со публиката на „Бернабе“

Крос за моментот кога не издржа и пушти солзи: Бев прилично силен, но тогаш… (ВИДЕО)

Тони Крос синоќа се прости од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Германецот добро се справуваше со емоциите се до моментот кога беше повлечен од игра и на клупата за резерви го пречекаа неговите деца.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Бетис беше во втор план, целото внимание беше кон Тони Крос, кој по 10 години поминати во белиот дрес, синоќа го одира последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Имаше многу емотивни сцени, како за време, така и по натпреварот. Многумина од навивачите беа во солзи, слична беше и ситуацијата кај играчите.

Самиот Тони Крос добро се справуваше со емоциите, барем се до моментот кога беше повлечен од игра и на клупата за резерви го пречекаа децата.

„Не беше лесно, можам само да им се заблагодарам на навивачите на Реал Мадрид, на соиграчите, на сите во клубот… Секогаш се чувствував како дома во овие 10 години поминати тука, не можев да побарам повеќе“ – рече Тони Крос.

„Беше малку чудно, знаете дека ова ви е последниот натпревар. Бев силен се до моментот кога ги видов моите деца, тоа ме уништи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ