сабота, 27 јули 2024

Kроација осигурување неживот потпиша меморандум за соработка со Факултетот за физичко образование

Денес во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се потпиша Меморандум за соработка помеѓу главниот извршен директор на Кроација осигурување АД-друштво за неживотно осигурување, Александар Манев и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје проф.д-р.Влатко Неделковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Oбразованието е единствениот пат кон независноста. Ни помага во градењето на карактерот, поттикнува конструктивно размислување и не тера да гледаме позитивно кон иднината. И само доколку постојат добри практики во образованието, но и желба за континуирано учење, можеме да постигнеме успех во животот, и да бидеме задоволни со себе. Водена од оваа своја визија Кроација осигурување гради партнерства со образовните институции во земјава. Преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, сакаме да обезбедиме поддршка за студентите во делот на нивната финансиска едукација, но и нивно едуцирање за потребата од осигурување, подобрувајќи ги на тој начин нивните вештини и способност за носење правилни финансиски одлуки”, изјави Манев.
На денешниот настан, Кроација осигурување доби и благодарница за донацијата на канцелариски материјал и опрема на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје која се реализираше изминатиот период, а со што помогна во подобрување на условите за учење во оваа образовна институција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ