вторник, 25 јуни 2024

Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во парламентот, а веќе е оштетена

Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија, рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.

Објавено на

часот

Сподели

„Според член 12 став 2, Верификасиската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот различно во член 20, за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, затоа што Левица е четврта партија во ова Собрание, прва е ВМРО-ДПМНЕ, потоа е СДСМ, па ДУИ и Левица како четврта сила со шест пратеници. Петта е ЗНАМ со шест пратеницино Левица има поголем број гласови на изборите, потоа следува Беса со пет пратеници. Значи, еден член требаше да има Левица. Во старт почнавте со лоши практики“, рече Крмов.

Претседавачката со седницата на тоа одговори дека за ова прашање е одлучувано на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.

При гласањето само шест пратеници беа против изборот на Верификациската комисија, сите шест од Левица.

За претседателка на комисијата е избрана Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, а за членови Благица Ласовска, Даниела Николова, Диана Тоска и Беким Сали.

Собранието во овој момент е на пауза поради работата на Верификациската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ