сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Левица предвидува финасирање на државни центри за лица со попреченост

Носителот на листа од Левица во изборната единица (ИЕ) 3, Борислав Крмов денеска оствари средби со претставници и членови на неколку здруженија на лица со попреченост на кои истакна дека Левица се залага за отворање на центри за лица со попреченост кои ќе бидат државни и ќе се финансираат од Буџетот.

Објавено на

часот

Сподели

Програмата на Левица е оценета како најинклузивна од меѓународниот фактор, потенцираше Крмов.

„Бидејќи зборуваме поопширно за лицата со попреченост, ние во програмата имаме предвидено донесување на посебен закон, финансирање на државни центри за лицата со попреченост; зголемување на фондот на техничари, на луѓе коишто помагаат во домовите, пристапни рампи секаде, сè во интерес на подобрување на нивниот квалитет на живот”, истакна пратеникот Крмов.

Претставниците на здруженијата ја поздравија Програмата на Левица.

„Мило ми е што се среќавам со пратеникот Крмов и со членови на Партијата Левица. Се надевам дека ќе оствариме добра соработка во иднина и верувам дека сите наши идеи, планови, размислувања, предлози, ќе бидат преточени во закон во Парламентот, со поддршка на пратениците од Левица“, истакна на денешната средба, претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов.

Во текот на денешниот ден, Крмов оствари средба и со претседателот на Здружението „Сплотени срца”, Зоран Мијалков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ