сабота, 27 јули 2024

Крка ја презентираше мобилната апликација Флеби – бесплатно дигитално решение за здрави вени и навики

Преземете ја мобилната апликација Флеби. Достапна е на македонски јазик и добијте бесплатни совети за вашите вени, за спречување на прогресијата на хроничната венска болест, за справување со хемороиди, но и други насоки за здрав и балансиран живот.

Објавено на

часот

Сподели

Мобилната апликација Флеби е веќе достапна на App Store и Google Play. Сега, сите засегнати индивидуи можат едноставно и бесплатно да ја преземат и да добијат персонализиран и практичен водич за здрав, балансиран начин на живот.

Станува збор за мобилна апликација развиена од фармацевтската компанија Крка, со поддршка на докторите и на вештачката интелигенција.

За ова ново, дигитално решение кое е достапно и на нашиот пазар Крка организираше промотивен настан, кој обедини околу 300 фармацевти, доктори и здравствени работници. На настанот, присутните имаа можност да се информираат за сите придобивки од користењето на оваа мобилна апликација.

Во рамки на овој настан, беше одржана и панел дискусија на која беа споделени повеќе стручни совети од страна на доктори и специјалисти, во врска со хроничната венска болест, симптомите и решенијата.

Исто така, присутните гости имаа можност да уживаат во здравите рецепти подготвени од страна на нутриционистката Ана Марија Кузмановска. Дел од настанот беше посветен и на важноста од одржувањето на здрав живот и здрави навики, при што персоналниот тренер Марина Горњивска и нејзиниот тим одвоија време да демонстрираат дел од вежбите за подобрување на циркулацијата и зацврснување на мускулите на нозете.

„Примарно, апликацијата Флеби помага за одржување на здравјето на вените и спречување на прогресијата на хроничната венска болест. Но, во рамки на апликацијата можат да се видат и повеќе практични вежби за здрави нозе, статии за справување со хемороиди, како и да се прочитаат совети за здрава и балансирана исхрана. Среќни сме што како Крка го направивме овој исчекор и на уште еден начин покажуваме грижа за сите наши пациенти, за сите граѓани“, истакна Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд менаџер во Крка – Скопје.

Оваа година, Крка одбележува и 70 години од своето постоење. Под мотото „70 години – Живееме здрав живот“, оваа фармацевтска компанија ја истакнува својата заложба и идеја за создавање на поздрава и посреќна заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ