сабота, 27 јули 2024

Кривичниот суд соопшти дека го поддржува протестот на судската администрација

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на денешниот протест на Синдикатите на судската служба кој ќе се одржи од 10 до 12 часот, Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека: Управата на судот во целост ги подржува заложбите и напорите на Синдикатите на судската служба во остварување на нивните права. Судските службеници се клучна алка во синџирот на Судската власт и имаат движечка улога во остварување на правата на граѓаните пред судските постапки. Заради тоа сметаме дека нивните барања се оправдани и неопходни за понатамошно функционирање и развивање на правосудниот сектoр“, се вели во соопштението за јавноста.

Вработените во судската администрација бараат исплата на додатоци за плата и зголемување на платите, а како што изјавија од Синдикатот на УПОЗ, вработените се револтирани особено поради  одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти, односно и на судиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ