сабота, 27 јули 2024

Кривичниот суд Скопје треба да постапи според упатствата, таква е судската хиерархија, вели Апелацискиот суд Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Апелацискиот суд по закон има овластување да укине пресуда, да ја образложи, да донесе пресуда односно решение и даде упатства. Поинаку од тоа не може. Предметот е вратен и првостепениот суд треба да постапи по упатствата. Одлуката што сме ја донеле е врз основа на разгледаниот предмет, жалбите на осудените, доказите што се наоѓаат во предметот“, велат од Апелацискиот суд Скопје за МКД.мк.

Апелацискиот суд Скопје вчера одлучи да го врати на повторно судење предметот „Организатори на 27 април“, затоа што, како што беше наведено во соопштението, оценил дека „при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени Кривичниот законик“.

По ова реагираше Кривичниот суд Скопје според кој „апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и за брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за европскиот напредок“.

Од Кривичниот суд Скопје реагираа и на реакцијата на министерот за правда, Кренар Лога кој побара од Судскиот совет да утврди зошто се случиле пропусти во судењето на организаторите на 27 април.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

                                                                                                                                                             И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ