петок, 28 март 2025

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и одреди 30 дена притвор за осомничените за грабнатите мигранти

Вечерва судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителството и на осомничените во случајот со грабнатите мигранти им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Јавното обвинителство за борба против органзиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) судијата го имал предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на мерка притвор, особено фактот што против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост.

„Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело“, соопштија од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ