сабота, 27 јули 2024

Кривични пријави за вршење транспорт без лиценца

Објавено на

часот

Сподели

Пријавената, на 20 јануари кај Здуњска крстосница во Гостивар, во својство на сопственик на фирма за такси превоз, без да поседува соодветна документација од надлежните институции, пуштила такси возило кое вршело јавен превоз на луѓе на подрачјето на општина Гостивар, констатирано при извршена проверка од полициски службеници.

И СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј., возач во правното лице, поради сомневање за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.

На 8 мај при контрола полицијата на улицата „Питу Гули” во Охрид сопрела автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ