сабота, 27 јули 2024

Кривични пријави за убиството во Боговиње

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M. (51) од тетовско Боговиње поради постоење сомневање за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Кривична пријава е поднесена и против Н.А. (73) од истото село поради сомневање за сторени кривични дела „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на

часот

Сподели

На 2 јуни пред угостителски објект во Боговиње, поради претходно меѓусебно нетрпение, првопријавениот со автоматска пушка испукал еден куршум кон А.Џ. (50) и го усмртил. Набргу, М.М. бил пронајден и лишен од слобода и во неговото возило била пронајдена автоматската пушка со која го сторил делото. Откако првопријавениот го извршил делото, второпријавениот Н.А. од домот на М.М. зел рамка од автоматска пушка со два куршуми и ги сокрил во неговата куќа. Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ