сабота, 21 декември 2024

Кривични пријави за Турчин и Косовец сакале со фалсификувани документи да влезат во Македонија

Полицијата поднесе две кривични пријави против државјани на Турција и Косово кои со фалсификувани документи сакале да влезат во Македонија.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Регионален центар за Гранични работи Исток поднел кривична пријави против К.Ф. од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, се наведува во билтенот на МВР.

„На 24 септември 2024 година на граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал“, соопшти МВР.

А Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против К.М. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

„На 24 септември 2024 на граничниот премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана косовска возачка дозвола“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ