Кривична пријава е поднесена и против Х.А. (38) од истото село поради постоење сомневање за сторено кривично дело „насилство“. На 4 мај, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.
Кривични пријави за двајца учесници во престрелка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З. (63) од сeло Церово, гостиварско, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на
часот