СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.На катастарска парцела во Охрид, тој неовластено и без соодветно одобрение за градба, издадено од надлежен државен орган, изградил монтажен објект, што било констатирано при инспекциски надзор од овластени лица од Одделението за инспекциски надзор во општина Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А. (41) и Л.А. (36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекине со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење.