недела, 20 октомври 2024

Кривични пријави за 9 вработени во агенција за станбен простор за 1,4 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

На 5 мај Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против десет лица и тоа Ц.Г. (57), поранешен генерален директор во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, С. В. (63), С.С. (66), Ц.И. (70), Л.М. (51), А.Ќ.И. (53), З.Н. (57), А.Т. (40) и Е. С. (43), сите со место на живеење во Скопје, вработени во акционерското друштво и лицето А.К. (39), со место на живеење во Кичево, исто така вработен во акционерско друштво, поради постоење на сомневање за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 став 5 од КЗ, се вели во соопштението од МВР.

„Од 2012 година до 2016 година, пријавените ја искористиле службената положба и овластување и постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и на тој начин овозможиле правен субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 44.606.548 денари.

И покрај тоа што знаеле дека понудата на економскиот оператор од Вевчани за најголемиот дел од услугите кои се барале во спецификација содржела невообичаени ниски цени, од истиот не побарале писмено објаснување за понудените цени, предвидено во чл.163 од Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка за изведба на градежни, градежно занатски, инсталатерски и други работи за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува акционерското друштво и изготвиле извештај во кој е даден предлог за најповолна понуда да се одбере понудата на правниот субјект од Вевчани, потоа било постапено и спротивно одредбите на Законот за јавни набавки, чл.169 и наместо да се увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на АДИССПДП со правното лице од Вевчани е склучен „договор за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво и обврски во гарантен рок со предмет на Договорот изведување на градежни, градежно-занатски работи за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво за Регион 1, Регион 2 и Регион 3, се вели во соопштението на МВР.

Во текот на 2012 година С.В. во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, С.С. и Ц.И., членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, Л.М., претставник од Одделението за јавни набавки Комисија за спроведување на јавна набавка, како и Грозданов во својство на генерален директор на АДИССПДП, овозможиле на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 16.992.519 денари.

Две години потоа, на ист начин А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, З.Н. и А.Т., во својство на членови на Комисија за спроведување на јавна набавка и Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки, како и генералниот директор на АДИССПДП озможиле на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 24.001.526,00 денари.

Исто така, во текот на 2016 година од страна на А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, А.Т. и А.К., членови на комисијата, Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки и Ц.Г. генералниот директор на АДИССПДП овозможено е на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.612.503 денари.

Постапувајки спротивно на своите службени овластувања, пријавените го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл.353 ст.5 од КЗ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ