недела, 20 октомври 2024

Кривични пријави против три лица од Подградец за шверц од Македонија во Албанија

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

Објавено на

часот

Сподели

Кривични пријави се поднесени против Ј.Д. (43), М.Ч. (38) и Е.Б. (28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од Македонија, стои во полициското соопштение.

Според полицијата, кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Подградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.

Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.

Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ