сабота, 27 јули 2024

Кривична за пијаниот Албанец што го запали македонското знаме

Објавено на

часот

Сподели


Пријавата му ја поднесе струшката полиција.

Станува збор за М.И. (47) од струшкото село Шум, кој вчера пред влезот во општинската зграда го запали државното знаме, кое претходно го купил од книжарница во градот.

По инцидентот тој избегал од местото, но полицијата успеа да го пронајде и уапси.

По приведувањето бил задржан во полициската станица и бидејќи видно бил под дејство на алкохол, му бил извршен алкотест, со кој му утврдиле 1 промил во крвта, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ