среда, 22 јануари 2025

Кривична пријава за тројца гевгеличани, ловеле без дозвола за лов и за носење оружје

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела незаконит лов, додека против К.К. и О.И. се поднесени кривични пријави за сторено кривични дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше МВР, на 11 јануари 2025 кај место викано караула Моин, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај првиот и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ