„Првопријавениот од 3 август 2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги Алтера консалтинг, ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот во износ од 11.004.500 денари“, информираа од Финансиската полиција.
Кривична пријава за скопски бизнисмен, затаил данок од над 11 милиони денари
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на фирмата Друштво за консултантски услуги Алтера консалтинг, ДООЕЛ Скопје како и кривична пријава против самата фирма, поради основано сомнение дека го сториле кривично дело спротивно на Законот за данок на додадена вредност.
Објавено на
часот