сабота, 27 јули 2024

Кривична пријава за скопјанка за тргување со отпад

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од полицијата известија дека при извршена контрола на 27 јули годинава од страна на полициски службеници и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на лице место е затекната како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ