сабота, 21 декември 2024

Кривична пријава за скопјанец кој лажно пријавил дека му бил украден дневниот промет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно пријавување на кривично делo.

Објавено на

часот

Сподели

„На 31 август 2024 година, пријавениот во ОВР Дебар лажно пријавил дека, додека на патот Дебар – Струга се движел со патничко возило фиат добло, сопственост на брза пошта од Скопје, бил пресретнат од друго возило од кое излегле неколку лица и со употреба на физичка сила му одзеле пари од дневниот промет на поштата“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ