сабота, 27 јули 2024

Кривична пријава за припадник на СВР Скопје

Против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции“, соопшти денеска МВР.

И покрај мерките, З.Ц., како што се наведува, преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и го инволвирал во постапка пред надлежна институција.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР“, стои во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ